Словачка нема да ги прекршува договорите со Русија поради Украина

Словачка нема да ѝ испорачува на Украина гас од Русија, тоа би било прекршување на договорот со Русија, изјави во четвртокот премиерот на Словачка Роберт Фицо на конференцијата „Енергетската безбедност и формирањето на Енергетската унија на ЕУ“.

Словачка нема да ѝ испорачува на Украина гас преку основниот цевковод по кој се траснпортира горивото од Русија, тоа би било прекршување на договорот со Русија, изјави во четвртокот премиерот на Словачка Роберт Фицо на конференцијата „Енергетската безбедност и формирањето на Енергетската унија на ЕУ“.  

„Словачка нема да ѝ испорачува гас на Украина по главниот цевковод по кој се транспортира горивото од Русија во европските држави“, рече Фицо. „Тоа би било прекршување на договорната база меѓу Словачка и Русија “, потенцираше премиерот.

Според него, Украина не може да смета на испорака на гас во поголем обем отколку што тоа дозволува реверзибилниот цевковод Војани-Ужгород.

Тој го ова изјави ова во врска со неодамнешната изјава на министерот за енергија на Украина Владимир Демчишин за намерата на неговата земја да престане од 1 април 2015 година да престане да купува гас од Русија, сметајќи на реверзибилна испорака од европските земји. Според зборовите на Фицо, тој се плаши дека Киев после таквите изјави ќе го засили притисокот врз Словачка, барајќи од неа зголемување на испораката на гас.

На почетокот на септември 2014 година беше пуштен реконструираниот гасовод Војани-Ужгород по кој гасот од европските земји се испорачува во реверзибилен режим во Украина. Првичниот капацитет на гасоводот од 10 милијарди кубни метри гас подоцна беше многупати зголемуван и во моментов е со 14,6 милијарди кубни метри годишно (40 милиони кубни метри дневно).  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња