МНР РФ: Повикот да се убиваат Руси звучеше „одвратно“

Официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич го нарече одвратен фактот што ТВ-каналот Фокс Њуз ја пушти изјавата на американскиот генерал во пензија Роберт Скејлс кој повика да се убиваат Руси.

„Некои американски воени лица и политички дејци кои почнале да убиваат уште во Виетнам, како генералот Р. Скејлс, никако не можат да се смират. Лута русофобија ќе им го замати погледот и тие веќе не се во состојба адекватно да ја гледаат реалноста“, се цитира изјавата на претставникот на МНР РФ Александар Лукашевич на веб-локацијата на министерството дадена откако на американскиот канал Фокс Њуз беше емитуван повикот да се убиваат Руси на американскиот генерал во пензија Роберт Скејлс.   

„Не помалку одвратно повикот за убивање на наши сограѓани, нас и вас, звучеше во програмата на еден од водечките национални канали во САД, во ударен термин, сметајќи на максимален број на гледачи. Токму на тој начин централните медиуми на земјата креираат во американското општество атмосфера на омраза спрема Русија“, смета Лукашевич.

„Притоа тонот на бесната антируска пропаганда ѝ го дава официјален Вашингтон кој од ден на ден шири агресивни изјави“, додаде дипломатот.

„Ние вадиме од тоа соодветни заклучоци. Скејлс треба да обрне внимание на тоа што против него Истражниот комитет на Русија поднесе кривична пријава по точка 354 од Кривичниот законик на Руската Федерација“, наведе Лукашевич.

Пред тоа вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин на Твитер со стихови ја коментираше изјавата на Скејлс:

Пензиониран генерал на Америка

Да се убиваат Руси во Донбас повика.

Со поглед на воин, намуртен, страшен,

Од овие двајца момци секој е исплашен.

Притоа вицепремиерот укажа на фотографија на членовите на групата „Временска машина“ Андреј Макаревич и Евгениј Маргулис кои важат за противници на позициите на претседателот Путин во однос на Крим и Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња