Заменик-генерален секретар на НАТО: „Руски војници гинат во голем број“ во Донбас

Заменикот-генерален секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека во Украина „во голем број“ умираат „руски војници“, пренесува РИА „Новости“.

Заменикот-генерален секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека во Украина „во голем број“ умираат „руски војници“ – ова тврдење беше искажано во текот на неговиот настап  на меѓупарламентарната конференција за заедничка надворешна политика и безбедносна политика во Рига.

„Меѓународната заедница јасно го осуди убиството на Немцов и повика на отворена и непристрасна истрага за неговата смрт. Дури и до тој трагичен настан се појавуваа сѐ повеќе докази за тоа дека руската инвазија на Украина станува сѐ помалку популарна во руската јавност. Особено според тоа како на руските лидери сѐ помалку и помалку им успеваше да го скријат фактот дека руски војници војуваат – и умираат – во голем број на истокот на Украина“, изјави Вершбоу, пренесува РИА „Новости“.

Оваа изјава доаѓа откако во средата командантот на копнената војска на САД во Европа, генералот-потполковник Фредерик Бен Хоџис изјави дека според проценките на американската војска, во Донбас на страната на бунтовниците војуваат до 12 илјади војници од Русија.

Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајорот Игор Конашенков, коментирајќи ја неговата изјава, рече дека Хоџис, зборувајќи за 12 илјади руски војници во Украина, направил неуспешен обид да остави впечаток на службеничките во Стејт департментот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња