Карл Билт: Брисел ја „преспа“ Русија

Поранешниот министер за меѓународни работи на Шведска Карл Билт во интервју за „Радио Слобода“ го обвини Брисел дека ги „преспал“ активностите на Русија, пишува РИА „Новости“.

Поранешниот министер за меѓународни работи на Шведска Карл Билт во интервју за „Радио Слобода“ го обвини Брисел дека ги „преспал“ активностите на Русија, пишува РИА „Новости“.

Според него, Русија почнала да се однесува „неправилно“ уште летото 2013. Тогаш тој и поранешниот министер за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски, кого Билт пријателски го вика Радек, наводно се обидувале да го „предупредат“ Брисел кој „во една или друга мера спиел“. Што имено шефовите на дипломатиите предлагале, тој не прецизира.

Според Билт, тој и Сикорски „порано од другите сфатиле што Русија планира да прави“.  

Екс-министерот смета дека продолжувањето на санкциите против РФ за уште една година е „најважната работа“. Тој исто изјави и за потребата да се засили Украина „на најразлични начини“.  

Поранешниот шеф на дипломатијата на Шведска веќе многупати се има изразено агресивно против Русија. Во февруари во интервју за „Дојче Веле“ тој изјави дека Западот и РФ се „стратешки противници“ што се однесува до Украина. Тој, исто така, во интервју за „Франкфуртер Алгемајне“ изјави за можноста за војна меѓу Русија и Запад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.