„На Црвениот плоштад ќе ја покажеме најсовремената, најнова техника. Првпат ќе ги покажеме нашите нови разработки кои ќе излезат на Црвениот плоштад и кои веќе влегуваат во вооружувањето на руската армија“, рече заменик-премиерот на Русија Дмитриј Рогозин пред ветераните во Тулскиот државен музеј на оружјето. Според него, постои убеденост дека сите бранители на земјата ќе вложат максимални напори во сложени времиња, пренесува РИА Новости.
„Во услови кога денес непријателот ни е пред врата, кога на неколку стотини километри од Тула, Воронеж, Курск се води братоубиствена граѓанска војна, убиваат луѓе само затоа што сакаат да зборуваат на руски јазик, да учат на руски јазик, да бидат луѓе од рускиот свет“, додаде Рогозин.
Во средината на јануари заменик-претседателот на колегиумот на Воено-индустриската комисија (ВПК) на Русија Олег Бочкарев соопшти дека тенковите на платформата „Армата“ треба да земат учество на Парадата на Победата на 9 мај.
„Армата“ е унифицирана тешка платформа на чија основа се прави тенк, борбено возило за пешадијата и тежок оклопен транспортер, како и низа други оклопни возила. Се претпоставува дека тенкот на база на „Армата“ ќе добие автоматска купола, а неговиот екипаж ќе биде сместен во изолирана оклопна капсула.
Во ноември минатата година беше соопштено дека на парадата на Црвениот плоштад во Москва, посветена на 70-годишнината од Победата, првпат ќе учествуваат и борбени роботи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче