Одлуката за предавање на универзалниот десантен брод „Владивосток“ од класата „Мистрал“ може да биде донесена на почетокот на идната недела, соопштува „Интерфакс-АВН“ повикувајќи се на воено-дипломатски извор.
„Командата за предавање на „Мистралот“ може да биде дадена од Елисејската палата веќе на почетокот на идната недела, за во првата половина на март бродот да биде подготвен за предавање на руската страна“ изјави тој.
Соговорникот на агенцијата истакна дека основа за ваквата одлука е успехот на разговорите во Минск во „нормандиски формат“. Според мислењето на изворот, Франција е заинтересирана на најбрз начин да го предаде веќе изградениот брод поради големите расходи за одржувањето на неговата техничка готовност.
Меѓутоа, државниот секретар на САД Џон Кери ја смета за „храбра“ позицијата на Париз по ова прашање.
„Франција донесе многу храбра одлука во однос на Мистралите,... земајќи го предвид влијанието (на таа одлука) врз економијата и други аспекти“, изјави Кери за новинарите по завршувањето на разговорите со шефот на МНР на Франција Лоран Фабиус во Париз.
Претходно претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека ќе донесе одлука за испорака на Мистралите без каков било притисок и во согласност со интересите на Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче