Премиерот на Јапонија вети потпишување мировен договор со Русија

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе вети дека ќе го реши територијалниот спор со Русија и дека ќе потпише мировен договор, соопшти INTERFAX.RU.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе вети дека ќе го реши територијалниот спор со Русија и дека ќе потпише мировен договор, соопшти INTERFAX.RU.

„Не е нормално тоа што Јапонија и Русија до ден-денес немаат склучено мировен договор. Јас сум поддготвен да продолжам упорно да работам во таа насока... во целосна согласност со основниот политички курс на владата во врска со овој проблем… и да потпишам мировен договор со Русија“, изјави Абе за новинарите во Токио.

Премиерот на Јапонија зборуваше по повод Денот на северните територии кој секоја година се одбележува на 7 февруари.  На тој ден во 1855 година Јапонија и Русија го потпишаа првиот руско-јапонски договор – Договорот од Шимода за трговија и границите. Јапонската страна се залага за враќање на границите меѓу двете страни кои биле предвидени со тој документ.

Руското МНР претходно излезе со специјално соопштение во врска со 160-годишнината од воспоставувањето на руско-јапонските односи. Соопштението е објавено денес на сајтот на министерството.

„Принудени сме одново да потсетиме дека припадноста на јужните Курилски острови кон Руската Федерација се базира врз општо-прифатениот исход од Втората светска и непроменливата повоена меѓународно-правна основа, вклучувајќи ја Повелбата на Обединетите нации. Со Договорот од Шимода, без потценување на историското значење на тој документ, наведеното прашање не е поврзано“, се вели во коментарот на МНР.

Во министерството истакнаа дека Договорот од Шимода отворил пат за развој на трговијата, конзуларните, културните и хуманитарните врски меѓу двете земји, но потсетија дека би било погрешно да се поврзува тој документ со денешниот проблем на мировниот договор меѓу Русија и Јапонија. 

Јапонија претендира на четири острови од Курилскиот синџир острови - Итуруп, Кунашир, Шикотан и Хабомаи, повикувајќи се на блатералниот Договор за трговија и границите од 1855 година.

Согласно позицијата на Москва, Јужните Курили влегоа во состав на СССР по исходот од втората светска војна и рускиот суверенитет над нив, кој има соодветно меѓународно-правно признание, не може да се доведе во прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња