Русија ќе остане без право на глас во ИК на УЕФА

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) одлучи да не се кандидира за извршниот комитет на УЕФА. Поради тоа Русија ќе остане без право на глас во Извршниот комитет на организацијата, пренесува ТАСС.

Рускиот фудбалски сојуз (РФС)  одлучи да не се кандидира за извршниот комитет на УЕФА.  Поради тоа Русија ќе остане без право на глас во Извршниот комитет на организацијата, пренесува ТАСС.

Дадениов момент Русија во УЕФА ја претставува поранешниот претседател на РФС Сергеј Фурсенко. Неговата акредитација истекува во март оваа година, кога во Сојузот ќе се одржат избори за седум членови на Извршниот комитет.  Фурсенко ќе биде заменет од министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко, но поради фактот што тој истовремено е член на ИК на ФИФА, тој нема да има право на глас, туку само да присуствува на седниците.

Самиот Мутко во разговор со ТАСС изјави дека во тоа „нема ништо страшно“. Според министерот, „пред да се размислува за глас во ИК на УЕФА, првин треба да се решат своите, внатрешни проблеми.“

Во Извршниот комитет на УЕФА влегуваат 17 луѓе, меѓу нив и првиот човек на организацијата Мишел Платини и петмина негови заменици. Извршниот комитет одговара за различни работи под – жребувања за натпреварувања, организација на турнири, прием на нови федерации. Од 1954 до 1994 година домашниот фудбал во УЕФА го претставуваше Николај Рјашенцев, кој потоа беше заменет од Вјачеслав Колосков (до 2009 година). Од 2011 до март 2015 година во Извршниот комитет на УЕФА претставник на Русија е Сергеј Фурсенко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња