Медведев: Русија има доволно валутни резерви за да ги реши сите економски задачи

Медведев изјави дека нема да се воведува строга контрола врз валутниот пазар, бидејќи сите решенија треба да бидат основани на пазарните механизми.

Русија има валутни ресурси и пазарни инструменти за да се постигнат сите планирани економски и производни цели, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

„Колеги, сите економски и производни цели кои се поставени пред нас ќе бидат остварени. Имаме доволно валутни ресурси, и вие тоа го знаете. Ги имаме и сите неопходни пазарни инструменти за да го обезбедиме тоа“, изјави Медведев.

Ова премиерот на Русија го изјави за време на состанокот со финансиско-економскиот блок во Владата, раководството на Централната банка, како и со шефовите на најголемите компании во Русија.

Медведев изјави дека нема да се воведува строга контрола врз валутниот пазар, бидејќи сите решенија треба да бидат основани на пазарните механизми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња