Учесниците во проектот „Јужен тек“ побараа од Европската комисија да добие од Русија одговор и објаснување за откажувањето од овој проект, пренесува ТАСС, повикувајќи се на изјава на Европската комисија.
![]() |
Кој настрада од откажувањето од Јужен тек |
„Државите на Европската унија дадоа забелешка дека ова решение носи неофицијален карактер, па затоа го замолија заменикот претседател на Европската комисија да добие повеќе информации од руската страна“, се кажува во изјавата.
За последиците од откажувањето од „Јужен тек“ може да стане збор на самитот на Европската унија на 18 и 19 декември.
Европскиот комесар Марош Шефчович за време на заседанието на Советот на Европската унија изјави дека Европа нашла алтернатива на „Јужен тек“ и планира да премине на касписки гас преку „Јужниот гасен коридор“.
Минатата недела претседателот на Русија во Турција изјави дека Русија поради препреките не може да продолжи со реализацијата на „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче