За време на посетата на Владимир Путин во Индија ќе бидат потпишани документи кои треба да влијаат кон зацврстување на воената соработка меѓу двете држави, пренесува РИА Новости повикувајќи се на амбасадорот на Русија во Индија Александар Кадакин.
„Ќе бидат потпишани важни договори во областа на воената размена“, изјави рускиот амбасадор.
Рускиот претседател ќе ја посети Индија на 11 декември по покана на премиерот Нарендра моди. За време на посетата планирано е потпишување на 15 договори за соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче