Путин: Русија и Полска треба да ги однесат билатералните односи на ново ниво

Оваа изјава шефот на државата ја направи за време на церемонијата на врачување на акредитивните писма од новиот амбасадор на Полска во Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека Москва и Варшава треба да ги развијат билатералните односи на ново ниво, пренесува коресподент на „Газета.ру“.

 

Оваа изјава шефот на државата ја направи за време на церемонијата на врачување на акредитивните писма од новиот амбасадор на Полска во Русија, Катажина Пелчински-Наленч.

„Со Полска нѐ поврзува многувековна заедничка историја. Билатералните односи засега се развиваат со тешкотии. Треба за многу да разговараме и да направиме за да ги однесеме нашите односи на ново ниво. Уверен сум дека сите проблеми можат да се решат доколку заемно се почитуваме и настапуваме прагматично“, забележа претседателот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња