Постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ Андреј Келин изјави дека економската блокада на Донбас сведочи за регресот во политичкиот процес во Украина. Ова тој го изјави во интервју за каналот „Русија 24“.
„Тоа не е дијалог, туку назадување на политичкиот процес“, забележа Келин.
Според неговото мислење, потврда за тоа се дејствата на владата: укинувањето на законот за посебните права за југоистокот на Украина, како и отповикување на законот за амнестија.
Претходно Келин изјави дека партнерите во ОБСЕ не сакаат да признаат дека заострувањето на кризата во Украина доаѓа од страната на Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче