Руските наркомани секојдневно трошат 4,5 милијарди рубљи за наркотици, што вкупно годишно ја дава сумата од 1,5 милијарди рубљи. Таа сума е за 50% поголема од годишниот буџет на Министерството за одбрана, изјави директорот на Федералната служба за борба против наркотици (ФСКН), Виктор Иванов, а пренесува РИА „Новости“.
Како што изјави Иванов, тие средства се земаат од економски активното население, и со тоа се намалува економската побарувачка на корисни производи и услуги. Од друга страна, наркоманите ги реинвестираат тие средства во нарко-криминалот.
„На тој начин наркоманите се еден вид финансиска апликација за преземање средства од активниот и нивно префрлање во криминалната економија“, објасни Иванов.
Во Русија има 2 до 2,5 милиони зависници од дрога. Според статистиката, околу 90% од руските наркомани употребуваат хероин од Авганистан. Низ Русија поминува т.н. „северен пат“, преку кој наркотиците од Авганистан се транспортираат во Западна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче