Разгледувајќи ги статиите на водечките американски весници за говорот на претседателот на Русија, Владимир Путин на форумот „Валдај“, колумнистот од весникот Consortiumnews, Роберт Пери дојде во заклучок дека повеќето материјали „крајно пристрасно“ известуваат, со многу „презир и непријателство“. А нивните автори, наместо одговор на критиката, даваат неосновани обвинувања во адреса на претседателот на руската држава, пренесува RT.
Фактот дека Путин е во право, на пример, за TheNewYorkTimes е „практично невозможен“, забележува колумнистот на Consortiumnews. Наместо тоа, весникот пишува дека рускиот претседател „истапил со најсилна критика кон САД во последно време“ и сакал да „ја наметне гледната точка на Москва за тоа дека американското вмешување создало многу проблеми во неодамнешните светски кризи“.
Меѓутоа, според Пери, пореалистичното гледање на светските кризи веднаш би покажало дека Путин е во право и за поддршката која Вашингтон ја дава на фундаменталистите на Блискиот Исток, како и на неонацистите во Украина.
Според неговото мислење, TheNewYorkTimes и другите водечки американски медиуми до толку заглавиле во својата пропаганда, што не можат повеќе да се извлечат од неа. „Рационализмот и реализмот, како што се гледа, немаат веќе место во работата на водечките американски медиуми“, заклучи тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче