Moody's не исклучува воведување нови санкции против Русија и засилување на веќе постојните

Ситуацијата во Украина не дозволува да биде покачен финансискиот рејтинг на Русија.

Меѓународната агенција за рејтинг Moody's не исклучува дека кон Русија можат да бидат воведени нови санкции, или, пак, да бидат засилени веќе постоечките, изјави Торстен Нестман, постар аналитичар во групата за оценка на суверените ризици во агенцијата, а пренесува ТАСС.

„Прогнозата за Русија е негативна поради тоа што ситуацијата во Украина сѐ уште е нестабилна, и не може да се исклучат ризиците за воведување нови санкции, што дополнително врши притисок врз рејтингот“, изјави Нестман.

Тој додаде дека зголемувањето на цените на нафтата нема автоматски да го промени рејтингот, иако тој делумно беше намален поради падот на цената на нафтата на пазарот.

Претходно Moody's го намали кредитниот рејтинг на Русија од ниво Baa1 до Baa2. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња