ЕУ ја разгледува можноста на Украина да ѝ одобри кредит за купување руски гас

Европската унија ја разгледува можноста на Украина да ѝ одобри средства за покривање на долгот за гас.

Европската унија ја разгледува можноста на Украина да ѝ одобри средства за покривање на долгот за гас, но само доколку се дадат јасни гаранции, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Чешка, Љубомир Заоралек за време на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, пренесува порталот vz.ru.

„ЕУ ја разгледува можноста на Украина да ѝ додели додатни средства, кои, меѓу другото, можат да бидат искористени за покривање на долгот за гас кон 'Гаспром', изјави Заоралек, одговарајќи на прашањето на новинарите за тоа дали Чешка ќе поддржи доделување 2 милијарди евра краткорочни кредити на Украина.

„Меѓутоа, Украина може да ги добие средствата само доколку даде јасна гаранција дека ќе спроведе реформи, дека ќе се бори против корупцијата и ќе ги оствари сите услови кои ги поставува ЕУ. Ние мораме да имаме контрола над користењето на издвоените средства“, истакна Заоралек. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња