Путин: Се надеваме дека САД ќе се сетат зошто е лошо заладувањето на односите меѓу нуклеарните држави

Путин смета дека не е продуктивно континуираното заладување на односите меѓу Русија и Западот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изрази надеж дека САД ќе се сетат на кој начин штети заладувањето на односите меѓу нуклеарните држави. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на интервју во српскиот весник „Политика“.

„Моменталното заладување на односите меѓу нашите држави не е прво по ред. Се надеваме дека партнерите ќе го осознаат тоа и неоправданоста на обидите да се саботира Русија, дека ќе се сетат како штети заладувањето на односите меѓу големите нуклеарни држави за стратешката стабилност“, изјави Путин.

Тој забележа дека Русија „е подготвена за развој на конструктивната соработка врз основа на принципи на рамноправност и реално земање предвид на интересите на сите страни“.

Претходно Путин изјави дека притисокот на Западот врз Русија го комплицира регулирањето на конфликтот во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња