Восхитот на Кинезите од рускиот претседател Владимир Путин означува сериозно поместување во менталниот склоп кој се појави после студената војна, како и во кинеската политика. После децении недоверба кон Москва, се забележува соработка меѓу Кина и Русија, кои заедно „фрлаат ракавица“ кон системот за безбедност, создаден од САД, пишува The Wall Street Journal.
Кинезите покажуваат огромен интерес кон личноста на Владимир Путин. Биографијата на рускиот претседател се најде во списокот на 10-те бестселери во Кина во септември. Авторот на книгата соопшти дена неговата книга се продава далеку подобро од биографиите на Барак Обама, Маргарет Тачер или Нелсон Мандела.
Поранешните конкуренти за лидерство во комунистичкиот свет, Русија и Кина, сега имаат слични погледи кон политиката на Западот. Кина е една од државите каде поддршката за позициите на Русија порасна и изнесува 66%, наспрема 47% минатата година, забележува весникот.
Освен тоа, кинескиот лидер станува сѐ посличен на рускиот претседател. Путин и Кси Џинпин – се лидери од една иста генерација – двајцата сакаат да ги возродат своите држави и да бидат конкуренција на Западот, пишува The Wall Street Journal.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче