Путин: евроазиската интеграција ќе ја зголеми соработката меѓу Ерменија и Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин му го честиташе Денот на независност на претседателот на Ерменија, Серж Саргсјан, подвлекувајќи дека вклучувањето на Ерменија во евроазиската интеграција ќе дозволи да се создаде нов степен на соработка во политичката, трговско-економската, научната и општествената сфера, изјави прес-службата на Кремљ.

„Шефот на руската држава забележа дека руско-ерменските односи, создавани врз многувековната традиција на соработка, заемно почитување и културна блискост – успешно се развиваат во духот на партнерството. Путин подвлече дека приклучувањето на Еременија кон евроазискиот интеграциски проект ќе дозволи да се постигне нов степен на соработка која ќе биде погодна и продуктивна за обете страни“, се кажува во соопштението.

На први септември 2014 година Путин го прифати предлогот на владата да го потпише договорот за приклучување на Ерменија во Евроазиската економска унија.

Евроазиската економска унија е економска унија, која од 1 јануари 2015 година ќе профукнционира врз основа на Царинската унија меѓу Русија, Казахстан и Белорусија. Кон крајот на јули министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека патот за приклучување кон ЕЕУ е отворен за сите земји од ЗНД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња