Русија ќе ја заврши испораката на хеликоптерите Ми-35 во Бразил до крајот на годината, изјави за новинарите заменикот на генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Сергеј Гореславски.
Договорот за испорака на 12 хеликоптери Ми-35 во Бразил беше потпишан во 2008 година. Претходно беше соопштено дека испораката на хеликоптерите ќе заврши есента 2013 година, а задршката со последната партија три Ми-35 е поврзана со технички прашања.
СПоред зборовите на Гореславски, на изложбата Africa Aerospace and Defense 2014 се одржале првите преговори во трилатерален формат (Русија, Бразил, ЈАР) за реализација на плановите за создавање на заеднички продукт во сферата на авијацијата.
„Уште сме далеку од конкретен резултат, но процесот започна“, појасни Гореславски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче