Дмитриј Медведев за време на настапот на пленарното заседание на Меѓународниот инвестициски форум во Сочи забележа дека Русија е подготвена да ги слуша западните партнери под услов самите тие да ја слушаат Русија.
„Уште сега е очигледно – се случува демонтирање на стабилноста на светскиот финансиски и трговски систем. Безусловно, тој процес може да се прекине“, изјави премиерот.
Исто така, според зборовите на Дмитриј Медведев, војната на санкции меѓу Русија и Западот економски потсетува на кризата од 2008 година, кога сите страни трпеле губитоци, но разликата сега е тоа што истите се условени од политички причини.
„Војната на санкции е апсолутно лоша пракса. Непотребна и за нас, и за Западот. И тогаш, и сега сите ние губиме и никој не може да прогнозира како ќе се развива ситуацијата“, забележа Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче