Европската унија не ја вклучи во списокот санкции компанијата „Руски железници“ (РЖД) и нејзиниот раководител Владимир Јакунин поради спротивставувањето на летонските политичари, кои изразиле незадоволство поради намалувањето на обемот на превоз, што би дошло како директен резултат на санкциите, изјави министерот за комуникација на Летонија, Анрис Матис за телевизискиот канал TV3.
После приклучувањето на Крим кон Русија, САД и ЕУ воведоа санкции против компаниите, банките и одделни сектори на руската економија. Европската унија од 12 септември, во рамките на новиот бран санкции, го ограничи пристапот на одредени руски компании до европските пазари на капитал.
Како што пренесува телевизискиот канал, 12% од економијата на Летонија зависи од железничкиот превоз, а обртот на средства - 1 милијарда евра годишно.
„Вклучувањето на РЖД во списокот санкции би означувало намалување на обемот на железнички превоз и транспорт преку пристаништата на Летонија, и затоа Летонија нема тоа д да го поддржи“, изјави Матис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче