Европската унија и Соединетите Американски Држави се плашат од мерките кои Русија може да ги преземе како одговор на санкциите од Вашингтон и Брисел. Никој на Запад не може да предвиди каков ќе биде рускиот одговор, пишува The Foreign Policy.
Основното „економско оружје“ на Русија можат да бидат енергенсите, посебно во текот на зимата. Сепак, ЕУ не се плаши дека Русија ќе престане да испорачува гас, туку од тоа што Украина, порано или подоцна, ќе нема доволно гас, па ќе започне да го одзема гасот наменет за европските потрошувачи, пишува изданието. Ограничената или прекинатата испорака на нафта и гас се единствен начин на кој Русија може да ѝ наштети на економијата на Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче