Путин советува да не се трча по рејтинзи

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека политичарите треба да ги земат предвид своите рејтинзи, но да не се ориентираат исклучиво на нив, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека политичарите треба да ги земат предвид своите рејтинзи, но да не се ориентираат исклучиво на нив, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Луѓето кои ја имаат мојата професија треба да знаат дека тие во никаков случај не треба да се посветуваат на рејтинзите. Јас никогаш не се посветувам исклучиво на тоа“, изјави Путин на Серускиот младински форум „Селигер-2014“.

Тој забележа дека успехот на политичарите се основа на „сопственото длабоко уверување дека имаат право за тоа што го прават“.

„Ако нешто во општеството не добило позитивна оцена, треба работата на политичарот да се прилагоди на јавното мислење“, уточни Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња