Русија ќе испорача 13 авиони SSJ во Лаос и Индонезија

Русија се договори со Лаос за испорака на три авиони Sukhoi Superjet 100, и уште десет авиони во Индонезија. Ова го изјави министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев, а пренесува РИА „Новости“.

Детали за договорите не се наведени.

Индонезиската Sky Aviation е првата компанија во Југоисточна Азија која нарача Sukhoi Superjet 100, но во мај 2014 година ја прекина активноста поради финансиски тешкотии.

Во моментов овој руски авион го користи „Аерофлот“, „Јакутија“, „Московија“, „Гаспром Авиа“, „Центар-Југ“, како и мексиканската Interjet. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња