Во Шпанија претставниците на асоцијацијата на младите фармери од Каталонија запалија неколку знамиња на ЕУ, изразувајќи го на тој начин незадоволството од дејствијата на Брисел после воведувањето на повратни санкции од Русија кон Западот, пишува весникот El Pais.
Како што пишува весникот, фармерите истуриле неколку тони праски околу зградата на градската општина, одозгора поставиле знамиња на ЕУ и ги запалиле.
Фармерите се жалат дека средствата кои се издвојуваат од Брисел за нив заминуваат во владините органи, социјалното осигурување, како и во компаниите кои се занимаваат со транспортирање на продуктите, а самите фармери не добиваат ништо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче