Бугарија нема да ја продолжи изградбата и соработката со Русија околу проектот „Јужен тек“ сѐ додека не добие „зелено светло“ од Европската комисија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на зборовите на Росен Плевнелиев.
ЕК ќе се врати на разгледување на „Јужен тек“ со Русија откако Москва ќе го промени својот однос кон Третиот енергетски пакет, изјави на 15 јули шефот на директоратот на Европската комисија за енергетика, Доминик Ристори. Европската комисија смета дека проектот „Јужен тек“, кој треба да ги диверзифицира маршрутите на рускиот гас во Европа, не одговара на нормите на Третиот енергетски пакет, со кој им се забранува на компаниите да поседуваат гасоводи на териториите на ЕУ. Поради тоа, Русија се обрати во Светската трговска организација поради примената на нормите на овој закон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче