Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на самитот на БРИКС, кој ќе се одржи на 15 и 16 јули во Бразил, ќе разговара за кризата во Украина и ситуацијата во Сирија и на Блискиот Исток.
Рускиот лидер ќе отпатува во Бразил после посетата на Куба и Аргентина. На маргините на самитот планирани се голем број билатерални контакти.
Бразил, после одржаниот самит на БРИКС, ќе ја предаде фудбалската штафета на Русија, каде е планирано следното Светско фудбалско првенство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче