Пушков: односите меѓу Русија и САД преминаа во фаза на конфронтација

Новото ниво на односите меѓу САД и Русија не ветува ништо позитивно.

Шефот на Одборот за надворешни работи при Државната дума, Алексеј Пушков, даде мислење дека САД веќе го направиле својот избор во корист на раскинување на односите со Русија, поради што односите меѓу Москва и Вашингтон практично веќе преминаа во фаза на конфронтација.

„Тоа е враќање на реториката наназад, враќање кон логиката на ‘студената војна’, кон политиката која ја изолира Русија – и тоа е официјалната политика на Обама. Со тоа се покажува дека односите со САД во догледна иднина нема да бидат нормализирани“, изјави Пушков, зборувајќи на ТВ каналот „Русија 24“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња