Путин: Обидите да се наметне избор меѓу ЕУ и РФ ја поделија Украина

Противуставниот државен удар во Украина и обидите да ѝ се наметне вештачки избор меѓу Европа и Русија го турнаа украинското општество во амбис и болни судири, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тој изјави дека жртви на украинските судири се најчесто цивилите. „На југоистокот на земјата се лее крв, постои реална хуманитарна катастрофа, десетици илјади бегалци се приморани да бараат прибежиште во Русија. Гинат и се следат новинари, се напаѓаат дипломати“, истакна Путин.

„Украинците мораат да се вратат на патот на мирот, дијалогот и слогата. Најважно е да се обезбеди долгорочен прекин на огнот, неопходен за преговори меѓу Киев и претставниците од југоисточните региони“, изјави претседателот и додаде дека Русија искрено се труди да помогне во мировниот процес. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња