Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека одговорноста за случувањата во Украина лежи врз поранешното и сегашното раководство на државата, пренесува РИА „Новости“.
„Тоа што денес се случува во Украина е вина на раководителите на украинската држава, како претходните, така и сегашните“, изјави Медведев.
„И значителен дел од одговорноста носат тие кои ги поттикнуваа случувањата кои денес ги гледаме во Украина“, додаде премиерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.