Пушков предлага да се воведат санкции против раководството на Украина

Претседателот на комитетот за меѓународни односи при Државната дума, Алексеј Пушков, предложи да се воведат санкции против Украина и украинското раководство, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на комитетот за меѓународни односи при Државната дума, Алексеј Пушков, предложи да се воведат санкции против Украина и украинското раководство, пренесува РИА „Новости“.

„Треба да размислиме за систем на санкции кон Украина, вклучувајќи ги и членовите на раководството на Украина“, изјави Пушков.

Според неговото мислење, треба да се изврши повторна оценка на политиката и односите со Украина.

„Треба да завршиме со разговорите за партнерство со Украина, сѐ додека Украина не покаже готовност за партнерство“, додаде Пушков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња