Администрацијата на претседателот на САД е загрижена од информацијата дека Париз има намера да го реализира договорот и да ѝ испорача на Русија носачи на хеликоптери „Мистрал“.
„Ја истражуваме загриженоста по тој повод“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни на конференцијата за новинарите во Вашингтон. Чиновникот додаде дека Вашингтон очекува од француската страна официјално да ја потврди оваа информација.
Во руската компанија Рособоронекспорт во средата изјавија дека Франција регуларно го добива договорениот износ средства за изградба на „Мистралите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче