Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе се сретне на 7 мај во Москва со претседателот на Швајцарија, претседател на ОБСЕ, Дидје Бурхалтер, пренесено е на интернет-страницата на Кремљ.
„Се очекува посебно внимание во текот на разговорот да биде посветено на кризата во Украина“, се кажува во соопштението.
Во администрацијата на претседателот подвлекоа дека шефовите на државите ќе разговараат и за клучните прашања на руско-швајцарската соработка, вклучувајќи ја и 200-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче