Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Москва смета на тоа дека Киев нема сериозно да го разгледа членството во НАТО. Во случај оваа воена организација да се приближи до нејзините граници, Русија ќе биде принудена да преземе соодветни мерки, пренесува „Интерфакс“.
„Украина не е членка на НАТО, и иако ова прашање не беше на конструктивен начин разгледано во Женева, се надеваме засега дека членството не е опција за оваа организација“, изјави Песков.
Тој истакна дека уште еден чекор на НАТО кон руските граници би повлекол промена на целокупната безбедносна структура во Европа.
„Ако НАТО се приближи до нашите граници, Русија, секако, ќе биде принудена да преземе соодветни мерки за да ја осигура својата безбедност“, изјави Дмитриј Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче