МНР на Русија бара објаснување за ограничениот влез за граѓани на Русија во Украина

Руското МНР бара од украинските власти официјално објаснување за забраната за влез во Украина на мажите стари меѓу 16 и 60 години, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Руското МНР бара од украинските власти официјално објаснување за забраната за влез во Украина на мажите стари меѓу 16 и 60 години, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.

Според соопштението на Министерството, информацијата за ограничениот влез во Украина го добиле руските авиопревозници од пограничните служби во Одеса, на аеродромите во Киев, Донец, Днепропетровск и Харков.

„Украинските граничари, притоа, се повикуваат на внатрешна одлука на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и Службата за безбедност на Украина“, се наведува во соопштението на МНР. Претставници на Министерството најавија дека откако ќе се птоврди оваа забрана, ќе разгледаат воведување на соодветни реципроцитетни мерки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња