Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, ги обвинува властите на Русија за обид да се саботираат претседателските избори во Украина, предвидени да се одржат на 25 мај, пренесува Ројтерс.
„Русија игра само една игра: понатамошно заострување на провокациите, бидејќи Путин официјално објави дека целта е да ги прекине изборите“, подвлече шефот на кабинетот на министри.
За време на „директната линија“ со Русите, претседателот на Русија изјави дека руската страна не може да ги прифати резултатите од изборите на 25 мај, бидејќи според украинскиот устав, не може да се избере нов претседател, додека сѐ уште има легитимен претседател, и подвлече едка мандат за управување со државата киевската власт воопшто нема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче