Руската воена морнарица доби нова подморничка балистичка ракета Р-29РМУ2.1 „Лајнер“, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од руската одбранбена индустрија. Новата ракета ќе стане дел од вооружувањето на стратешките нуклеарни подморници од проектот 667БДРМ „Делфин“.
Ракетата „Лајнер“ е модификација на моделот Р-29МУ2 „Синева“. Според податоците од достапните извори, Р-29РМУ2.1 е ракета долга околу 15 метри, со пречник од 1,9 метри, а масата при полетување ѝ е околу 40 тони. Ракетниот систем „Лајнер“ овозможува плотунско и поединечно лансирање на ракети за време на движење на подморницата на длабочина до 55 метри и при брзина од 7 јазли.
Благодарејќи на оваа ракета, нивниот рок на служба ќе биде продолжен барем до 2030 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.