Путин и Меркел разговараа по телефон за Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараше по телефон со германската канцеларка Ангела Меркел. За време на разговорот двајцата дискутирале за политичката криза во Украина, пренесува РИА „Новости“.

Како што забележува агенцијата, посебно внимание за време на разговорот било посветено на прашањата за востановување на стабилноста во регионот. Меѓутоа, претседателот на Русија ја подвлече важноста за спроведување на уставни реформи во Украина.

Претходно стана јасно дека шефовите на МНР на Франција и Русија, Сергеј Лавров и Лоран Фабиус, се согласиле дека на Украина ѝ е потребна федерализација и уставни реформи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.