Шефовите на МНР на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Лоран Фабиус се сретнаа во Париз, каде разговараа за ситуацијата во Украина, се пренесува на интернет-страницата на министерството.
„Се разговараше за ситуацијата во Украина, состојбата на билатералните односи, а исто и за иранската нуклеарна програма, како и за неколку други меѓународни прашања“, се кажува во соопштението.
Меѓутоа, како што пренесуваат од РИА „Новости“. во одделот за информации и печат на руското МНР, дипломатите се согласиле со тоа дека на Украина ѝ е потребна уставна реформа со учество на сите региони, како и федерализација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче