Путин: Русија ќе има национален платежен систем

За рускиот платежен систем почна да се зборува кога Виза и Мастеркард ги блокираат платежните картички на некои руски банки поради американските санкции.

За рускиот платежен систем почна да се зборува кога Виза и Мастеркард ги блокираат платежните картички на некои руски банки поради американските санкции.

Русија ќе има свој, национален платежен систем, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Во земјите како Јапонија и Кина такви системи веќе постојат, и работат успешно. Тие се создадени како национални системи, затворени на својот пазар, на својата територија, за својот народ, а сега стануваат сѐ попопуларни“, изјави Владимир Путин за време на состанокот со членовите на Советот на Федерацијата. Путин додаде дека јапонскиот систем, смислен како национален систем, сега работи активно во 200 земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња