Претседателот на Русија, Владимир Путин, задолжително ќе го посети Крим, но не наскоро, изјави портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Портпаролот, исто така, додаде дека украинската армија можат слободно да излезат од територијата на Крим. Меѓутоа, дали ќе можат да заминат од полуостровот „со оружје или без“ - ќе реши Министерството за одбрана на Русија.
Претходно Песков соопшти дека причини за давање попуст за гасот кој го добива Украина веќе не постојат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче