Русија воведе реципроцитетни санкции против американските чиновници

Русија воведе реципроцитетни санкции против претставници од САД. Ова е пренесено од прес-службата на МНР на Русија.

Русија воведе реципроцитетни санкции против претставници од САД. Ова е пренесено од прес-службата на МНР на Русија.

Ви списокот се најдоа помошниците на претседателот на САД, Даниел Фајфер и Бенџамин Родс, сенаторот Џон Мекејн, Мери Лендро и Даниел Коутс, спикерот на претставничкиот дом, Џон Бајнер, заменикот-помошник на Обама, Каролајн Аткинсон, лидерот на фракцијата на мнозинството во сенатото, Хари Рид и претставникот на сенатскиот комитет за меѓународни односи, Роберт Менендес.

„Ова решение може да им се допаѓа или не, но станува збор за реалност со која мораме да се соочиме. Сомнежи не треба да има: на секој непријателски напад ние ќе одговориме адекватно“, изјавија во МНР на Русија.

Во министерството забележаа дека користењето на санкции е „меч со две острици и тие како бумеранг ќе се вратат на САД“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња