Лавров: Излегувањето на Украина од ЗНД е само уште една антируска акција

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека изјавата за излегување на Украина од ЗНД е само уште една антируска акција. Ова го пренесува РИА „Новости“.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека изјавата за излегување на Украина од ЗНД е само уште една антируска акција. Ова го пренесува РИА „Новости“.

Според зборовите на Лавров, тој не се сомнева дека тоа е направено „поради интересите на украинската економија или украинската социјална сфера, туку дека тоа е само уште една антируска акција и пропаганда“.

„Ние, секако, никого насила не го држиме во ЗНД“, изјави министерот за време на говорот во Државната дума.

На 19 март Украина се откажа од претседателствувањето во ЗНД. Властите на државата изјавија дека ќе започнат процес за излегување од Заедницата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.