Државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави во својот говор пред комитетот за асигнации во американскиот сенат дека САД и ЕУ ќе воведат санкции против Русија доколку се одржи референдумот на Крим.
„Ако референдумот за статусот на Крим биде одржан, САД и Европа ќе направаат неколку сериозни чекори против Русија во понеделник“, изјави Кери.
Исто така, Русија не исклучи сопствени санкции како одговор во случај САД и ЕУ да преземат мерки, но се надева дека Западот ќе се ограничи само на политички санкции и дека тие нема да се рефлектираат на трговско-економските односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче