Изданијата на RBTH во 7 земји ќе добијат едно име и лого

Печатените подлистоци и интернет-страниците на проектот на „Росијскаја газета“ во седум држави (Германија, Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Аргентина, Уругвај) од март 2014 година ќе излегуваат под едно име - Russia Beyond the Headlines (RBTH). Порано овие изданија се објавуваа со локални имиња, преведени на локалните јазици.

Печатените подлистоци и интернет-страниците на проектот на „Росијскаја газета“ во седум држави (Германија, Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Аргентина, Уругвај) од март 2014 година ќе излегуваат под едно име - Russia Beyond the Headlines (RBTH). Порано овие изданија се објавуваа со локални имиња, преведени на локалните јазици.

Преименувањето е направено за да се создаде единствено препознатливо име од глобалниот проект RBTH, како и за да не намалат трошоците за маркетинг преку промоција на неколку марки.

Според зборовите на раководителот на RBTH, заменикот-генерален директор на „Росијскаја газета“, Евгениј Абов, за 7 години проектот стана глобален, со повеќе формати, мултимедијален, многујазичен. „Дојде време да ги обединиме нашите ресурси под една марка. Каде и да бидеме печатени, кон каква публика и да се обраќаме, на било кој јазик да зборуваме, - нашата главна задача е да го раскажеме за Русија тоа што останува надвор од изданијата на странскиот печат“, изјави Евгениј Абов.

Преименувањето на подлистоците и интернет-страниците предвидува прилагодување на нивната уредувачка концепција. Раководителот на проектот на RBTH, Евгениј Абов појаснува: „Ние се стремиме не само да го информираме читателот за тоа што се случува во Русија, туку да дадеме длабока анализа на политичкиот, општествениот, културниот и економскиот живот во земјата, да ги покажеме различните мислења и да прикажеме една друга Русија, Русија која е често скриена зад постоечките стереотипи“.

За сите изданија на RBTH е создадено едно лого. Според зборовите на арт-директорот на RBTH, Андреј Шимарски, графичкиот приказ на првата буква од името на проектот - R - ги обединува визуелно сите изданија - од арабскиот, па до јапонскиот. „Успеавме да ја зачуваме уникатноста на секој продукт, додавајќи еден единствен елемент, кој ќе ја прикаже припадноста на Russia Beyond the Headlines“, забележа Андреј Шимарски.

Денес Russia Beyond the Headlines  се среќава на 18 интернет-страници на странски јазици, мобилни апликации на англиски и германски, тематски секции, се издава во 26 влијателни изданија во 23 држави на 16 јазици. Меѓу партнерите на проектот се среќаваат и влијателни весници како „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон пост“, „Дејли Телеграф“, „Ле Фигаро“, „Ел Паис“, „Мајнити“, „Ла Република“, „Хуанцу Шибао“ и други.

Просечниот број на публикување на печатените додатоци во странство е 7 до 10 пати годишно (во Бугарија, Грција, Бразил - двапати месечно); тиражот е 9,8 милиони примероци; вкупната публика - повеќе од 34 милиони луѓе. Проектот ги опфаќа земјите на БРИК (освен Јужноафриканската република), САД, држави во Европа, Азија и Латинска Америка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња