Оланд: Франција ќе ги исполни договорите за испорака на „Мистрал“

Франција ќе продолжи да ги исполнува условите од договорот за испорака на бродовите Мистрал на руската воена морнарица.

Франција ќе продолжи да ги исполнува условите од договорот за испорака на бродовите Мистрал на руската воена морнарица, изјави за новинарите претседателот на Франција, Франсоа Оланд, а пренесува „Гласот на Русија“. Тој, исто така, изјави дека Франција е намерена да го продолжи дијалогот со Москва.

Претходно министрите за надворешни работи на Европската унија го разгледаа списокот на санкции кои можат да бидат воведени против Русија поради ситуацијата на Крим.

Руската државна компанија Рособоронекспорт и француската DCSN потпишаа договор за изградба на два брода Мистрал во јуни 2011. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња