На аеродромот во Донецк на 7 март беше забранет влезот на територијата на Украина на новинари од медиумската куќа „ТВ Центар“ и на ТВ екипата од агенцијата „Вести“, како и на дописници од други руски медиуми.
Забраната за влез на руските новинари во Украина Министерството за надворешни работи на Русија го окарактеризира како цензура.
„Овој алармантен факт и повреда на слободата на печатот сведочи за лицемерство на оние кои сега во Киев се обидуваат да се претстават како демократи, но под наводници, секако“, нагласено е во соопштението на руското МНР. „Во суштина, тоа е цензурирање на медиуми“.
„Чудно е што странските медиуми воопшто не реагираа на ваквото алармантно газење на демократијата“, истакнува МНР на Русија. „Зар е можно странските ТВ компании и новинските агенции да ја одобруваат ваквата постапка?“, се прашуваат претставниците на русиот дипломатски ресор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче