ЕУ ги прекинува преговорите со Русија за упростување на визниот режим и се заканува со воведување на визни санкции, замрзнување на активите и откажување на самитот Русија - ЕУ поради ситуацијата во Украина, пренесува РИА Новости.
Ваквата изјава ја даде претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј.
Според неговите зборови, на самитот меѓу шефовите н владите на државите од ЕУ било донесено решение „да се прекинат билатералните преговори со Русија за визното олеснување и за новиот договор меѓу нив“.
Лидерите на државите во ЕУ ја повикаа Русија да започне преговори со украинските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.